Во насока на консолидација на своите тела, и постојана грижа за вработените во нивната работна средина, Универзитетот Мајка Тереза во Скопје неодамна формираше Центар за безбедност при работа, со што УМT е меѓу ретките високообразовни институции со таков центар.  

Центарот за безбедност при работа има три главни цели: идентификување на ризиците при работа, предлагање мерки за спречување, намалување или целосно елиминирање на ризиците на работното место, а во одредени случаи и управување со преостанатиот ризик.  

Задачата на Центарот за безбедност при работа е спроведување на обуки за вработените во областа на безбедноста, која се спроведува од овластени лица, во случајот на УМT, тоа се тројца предавачи доц. Д-р Моника Лутевска, доц. Д-р Теута Јусуфи Зенку и доц. Д-р Зоран Трифунов, сите професори во редовен работен однос во УМТ.  

Овластените и обучувачи, по обуката на вработените, им доделуваат  сертификат за успешно спроведена обука.  

Центарот за безбедност при работа, редовно врши мерење на  микро-климатските услови на работните места на вработените, училниците каде се одржуваат предавањата, вклучувајќи го и нивото на температура и влажност на воздухот, како и осветлувањето и бучавата во затворените средини. 

УМT има спроведено обука на сите вработени во администрацијата и академскиот кадар, чија безбедност, и безбедноста на студентите и е приоритет број еден.

By