Скопје, 18.04.2019 На покана на средното училиште АСУЦ ‘Боро Петрушевски’ од Скопје, а по повод организираниот отворен ден на училиштето, претставници од Универзитетот ‘Мајка Тереза’ во состав проф. д-р Оливера Петровска, м-р Јован Христоски, Аритон Рама и студентите Месуд Латифи и Никола Симеоновски, присуствуваа и имаа презентација на овој значаен настан.

Покрај фирмите и  неколку универзитети и нашиот универзитет го претставувавме на посебен штанд на кој имаше рекламен материјал за матурантите и за време на целиот настан преку проектор одеше презентацијата од УМТ.

Заинтересираните матуранти имаа можност да поставуваат прашања за насоките кои ги интересираат, начинот на студирање, можностите, и придобивките кои ги нуди Универзитетот Мајка Тереза – Скопје.

57442666_2188974251209996_4452950272049676288_o

By