Скопје, 27.05.2019 Активноста на студентите од програмата “Европски студии” на УМТ, која се одржа во рамките на месецот на Европа, стигна до вестите на европскиот медиумски магнат Еуроњус.
“Симулација на Самитот од 20 и 21 јуни 2019 година на Советот на Европа”, организиран од страна на професорката Дренуша Камбери, го добивниманието на европскиот медиум, откако на состанокот се ‘дебатираше’ за напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на критериумите од Копенхаген, а според поделените улоги, на тркалезната маса секој студент претставуваше една земја-членка на СЕ, а на главната маса симулативно беше претставен претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, тој на ЕК Јункер, и претставник на Романија, која е актуелен претседавач со ЕУ, а нивната одлука ја чекаше вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој позитивно одговори на поканата на студентитена УМТ да учествува на оваа симулација.
По состанокот студентите на УМТ дадоа “датум” за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а нивна главна причина беше да се спречи иселувањето на младите од земјата.
Подолу ве покануваме да го следите прилогот на новинарот Борјан Јовановски, на кого му благодариме за прекрасната репортажа.
https://www.euronews.com/2019/05/22/north-macedonia-awaits-eu-membership-talks-?fbclid=IwAR2GH_BHyN6iP9px3b47BZCjBuwaZz8_ndevkRbAfN04ShZJOmCfckkPGgA