Делегација од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беше во посета на Универзитетот „Јон вон Њуман“ во  Кечкемет, Унгарија, Универзитет со кој УМТ има договор за соработка.

Делегацијата составена од ректорот на УМТ, проф. д-р Азиз Положани, проректорот за настава, вонр. проф. д-р Зоран Трифунов и деканот на Факултетот за технолошки науки, доц. д-р Сани Демири оствари средба со ректорот на Универзитетот ‘Јон вон Њуман’ и ја проширија соработката во Ерасмус+ програмата за мобилност на Академскиот кадар и студентите од двата универзитети.

Во текот на овие средби се постигна договор во наредниот период професори од УМТ да одат на посета на Универзитетот во Кечкемет, и да остварат предавања и вежби во нивните лаборатории.

Делегацијата од нашиот универзитет ги посети лабораторииите и работилниците од Универзитетот, каде беа запознаени со работата на лабораториите.

Презентирани беа иновациите кои се направени во Универзитетот, како автомобил на соларан енергија и возилото со кое имаат поминато 3000 км со еден литар гориво.

Outlook-ul0kbysz image (1)

By