Универзитетот „Мајка Тереза“ организираше семинар за академскиот кадар на кој присуствуваа професорите/професорките, асистентите/асистентките и демонстраторите/демонстраторките на Универзитетот. Покрај нив, и странски и државни стручни лица одржаа предавања за новите акредитации и студиски програми на Универзитетот.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Азиз Положани, ја претстави моменталната состојба на Универзитетот, веќе реализираните планови и идните цели. Г-дин Положани изјави дека во текот на овие четири години Универзитетот постигна голема трансформација во однос на квалитетот, зголемувањето на ресурсите преку зголемувањето на бројот на академскиот и на административниот кадар, но и преку зголемувањето на бројот на студиските програми. Згора на тоа, г-динот Положани објасни дека целта на Универзитетот е понуда за студии од втор циклус, цел постигната пред две години, а, исто така, изјави дека долгорочната цел на Универзитетот „Мајка Тереза“ е да востанови докторски студии.

Г-ѓа Хедер Хеншо, меѓународно стручно лице за управување со квалитет во високото образование, која исто така учествуваше на семинарот, спроведе обука за гаранција на квалитет. Таа се осврна на развојот и гаранцијата на квалитетот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во врска со акредитираните и реакредитираните активности. Г-ѓа Хеншоу изјави дека развојот на квалитетот е култура која бара придонес од секој/а член/членка на институцијата.

Стручното лице на Европската комисија за управување со квалитет на студиите за високо образование, г-дин Беким Мармалаку, одржа предавање на тема: „Современ пристап кон пишување и дефинирање на целите на студиските програми за високо образование“.

Проректорот за наука при Универзитетот „Мајка Тереза“ и модератор на семинарот, проф. д-р Беким Фетаји, одржа предавање на тема: „Процесот на акредитација – запознавање со процесот на акредитација и објаснување на елаборатите на анексите за акредитација 1, 2, 3 и 4“. Од друга страна, Проректорот за образование, проф. д-р Зоран Трифунов, одржа предавање на тема: „Нови кодификации и спецификации на елаборатите на наставната програмата“.

На крајот на семинарот, Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, проф. д-р Азиз Положани, им врачи сертификати на сите учесници и учеснички.

By