Проректорот на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, и деканот на Факултетот за општествени науки, проф. д-р Сунај Раими, како и членот на Сенатот, проф. д-р Мустафа Ибрахими, учествуваа на Втората конференција на албанските државни универзитети на тема: „Албанските државни универзитети соочени со предизвиците на европското високо образование“.
Конференцијата ја организираше Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча, а се одржана во Вескопоја на 6 и 7 март.
На конференцијата учествуваа заменик-министерот за образование на Република Албанија, г-дин Олтон Румбулаку, и заменик-министерот на Република Косово, г-дин Џaвит Реџај, како и ректорите, проректорите, деканите, сенаторите и професорите од сите албански универзитети и територии каде се говори албанскиот јазик.
Во име на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азиз Положани, проректорот, проф. д-р Беким Фетаџи, изрази благодарност и почит кон ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча, проф. д-р Али Јашари и му врачи плакета од мозаик со ликот на Мајка Тереза.
Покрај тоа, на конференцијата беше потпишана и Декларацијата за соработка со сите албански универзитети.
Декларацијата е приложена на линкот подолу:
https://www.umib.net/wp-content/uploads/2020/03/DEKLARATA-Drafti-07-Mars-2020-Korçe.docx.pdf