Скопје, 09.07.2026 – Денес, во својот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, одржа работна средба со вонр. проф. д-р Али Ердуман, директор на Високата стручна школа при Универзитетот за применети науки во Сакарија (SUBÜ), Република Турција.

На средбата, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорот вонр. проф. д-р Бујамин Бела, деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р Неритан Туркеши, како и вонр. проф. д-р Муса Фејзулов.

За време на разговорите, раководствата на двете институции се фокусираа на значењето на меѓууниверзитетската соработка, проширувањето на академските мрежи, како и размената на најдобри практики во областа на инженерството и дигиталната трансформација.

Посетата на вонр. проф. д-р Али Ердуман на Универзитетот „Мајка Тереза“ се реализира во рамките на програмата Еразмус+ за мобилност на академскиот кадар. За време на неговиот четиридневен престој (07–10 јули 2026 година), тој реализираше циклус академски средби и ги сподели најдобрите институционални искуства со нашиот академски кадар и студентите.

By