Скопје, 09.07.2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, денеска оствари официјална средба со генералниот директор на АД МЕПСО, д-р Бурим Латифи.

На средбата, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорите проф. д-р Сани Демири и проф. проф. д-р Бујамин Бела. Раководителите на двете институции разговараа за можностите за билатерална соработка, со посебен акцент на реализацијата на стручна пракса за студентите од техничките факултети, поддршката на научно-истражувачки проекти во областа на енергетиката, како и за значењето на поврзувањето на академскиот процес со пазарот на трудот.

Ректорот Фетаји ја изрази целосната подготвеност на УМТ да ја стави својата академска експертиза во функција на развојот на енергетскиот сектор, додека генералниот директор на АД МЕПСО, д-р Бурим Латифи, високо го оцени потенцијалот на Универзитетот и ја потврди подготвеноста на институцијата што ја раководи да ја поддржи професионалната надградба на младиот дефицитарен стручен кадар во државата.

By