УМТ ИМ ГО ЧЕСТИТА 7 А ПРИЛ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАВОТНИЦИ, СО ДОНАЦИЈА НА ЗАШТИТНИ МАСКИ

СКОПЈЕ, 07.04.2020 Поради новонастаната состојба, наметната од појавувањето на Пандемијата Ковид 19, годинава Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, во знак на благодарност за неуморната работа што ја вршат здравствените работници, денес им додели секундарни маски произведени од ентузијастите на Техничкиот факултет при УМТ.
Овие маски се дополнителна заштитна опрема за здравствените работници кои се во првите редови на ризик од оваа инфекција.
Тие се многу удобни за одржување и ефикасни.
Вкупно 40 маски ќе бидат донирани на Клиниката за Инфективни болести и Институтот за јавно здравје бидејќи овие две институции имат најголем интензитет и одговорност во целиот овој ангажман.
92103698_2861453110628770_1003236607236505600_n