Скопје, 09 фебруари 2021 година – Ректорот Положани придружуван од претседателот на Сенатот и од генералниот секретар за време на состанокот со директорот Димовски потпишаа Меморандум кој има за цел проширување на меѓусебната соработка меѓу двете институции преку размена на научни, стручни, апликативни мислења и практики на професионалната област.
Потребата од потпишувањето на овој документ доаѓа од контекстот на времето во кое живееме и е со цел да се зајакне соработката меѓу двете многу важни институции за нашата земја. Агенцијата и Универзитетот ќе соработуваат меѓу себе и ќе си дават меѓусебна помош и поддршка во областа на практичната настава на Универзитетот, а посебно внимание ќе им се посвети и на апликативната и научно-истражувачката дејност, како и на организирањето на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и други слични форми кои ќе донесат успеси за нашата земја, но и надвор од неа.
Меморандумот овозможува и употреба на техничко-професионални услови, материјали, простории како и учество на работни групи за подготовка на закони и подзаконски акти, документи за планирање и друг вид на документи од областа на националната безбедност.
Ректорот Положани на д-р. Виктор Димовски му ги претстави насоките на факултетите на УМТ, ставајќи посебен акцент на насоките кои во нивните студиски програми имаат сличност со развојниот процес на националната безбедност и безбедноста воопшто.