Тирана 25-26 Февруари 2021 – Забрзувањето на модернизацијата на универзитетите од Западен Балкан, вклучвајќи ги и Виртуелните технологии (проектот VTech), беше тема на работилницата организирана во Тирана на тема „Размена на регионални истражувања за употреба на AR / VR во методологиите на настава“.

Меѓу 30-те учесници кои учествуваа на оваа работилница од земјите на Балканот и Европа, дел од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беа проф. д-р Беким Фетаи, проректор, д-р. Дитурије Исмаили УМТ, Генти Речи, кандидат Phd.

На оваа работилница беа споделени регионалните резултати за употребата на виртуелните технологии во Западен Балкан. Учесниците, исто така, дискутираа за идните планови и активности во врска со проектот VTech.

На првиот ден, претставниците од земјите на Западен Балкан ги споделија своите откритија за употребата на виртуелните технологии, после сите презентации следуваше дискусии и прашања, со тоа што на сите партнери им беше овозможена опширна слика за употребата на VR во методологиите на настава во соодветните земји.

На вториот ден од работилницата беа презентирани активностите за следната година и беа дискутирани разни менаџерски прашања за проектот. Во тој правец, УМТ ќе може да ги организира следниве настани во следната година на активности.

· Студентски обуки 1 – Студентски обуки за програмирање на содржината на VR

· Тркалезна маса 1 – hibrid состанок со индустриски компании кои ќе ги обучуваат нашите студенти за учество во Hackaton.

· Студентски обуки 2 – Студентски обуки за развојот на содржината на VR Отворени денови на VTECH – hibrid состанок со партнери и други заинтересирани страни.

· Тркалезна маса 2 – hibrid дискусија и презентација за соработки со компании од индустријата која ќе ги обучуваат нашите студенти за учество во Hackaton.

· Конкурост Hackaton за програмирање на содржината на VR за едукација на сите партнери и други заинтересирани страни.

 

vtech (1)

By