Скопје, 14 април 2021 година Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, објави нов том во два броја на Меѓународното научно списание „Списание за Југоисточна Европа за одржлив развој СЕЕЈСД“.

Научното списание се издава петта година по ред како изданије на УМТ. Уредници на оваа списание се Роберт Пичлер од Австрија, Ирај Хаши од Британија, Ризван Сулејмани од Северна Македонија, Мимоза Души и Беким Фетаји од Македонија.

Главен уредник е проф. д-р. Азиз Положани.

Научни трудови имат доставено 28 професори од Индија, Англија, Шпанија, Турција, Косово, Албанија, Бугарија, Унгарија, Франција, Холандија, Босна и Херцеговина и од нашата земја.

Со објавувањето на овој том, УМТ успеа да објави вкупно 10 броја на научното списание, и тоа по 2 годишно, во изминатите пет години.

‘The South East European Journal of Sustainable Development’ (SEEJSD) е списаније што се објавува два пати годишно, од Унивезитетот „Мајка Тереза” во Скопје.

Земјите од регионот поминуваат низ транзиција и нивните општества сè уште се обидуваат да создадат одржливи решенија за социјален развој, без разлика дали станува збор за економски развој, образование, животна средина, социјални прашања или технички и технолошки напредок. Затоа, СЕЕЈСД има за цел да донесе истражувања за одржлив развој со фокус на Југоисточна Европа. Централното истражување во други региони е исто така добредојдено бидејќи тоа може да ги одразува методите на учење и размената на искуство од други земји со слични искуства и предизвици како земјите од ЈИЕ. https://seejsd.unt.edu.mk/

By