Скопје, јуни 2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, ја пречека на официјална средба директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, г-ѓа Даниела Димовска.

За време на средбата, ректорот Фетаји, придружуван од проректорите и членови на академскиот кадар, ја информираше директорката Димовска за иновативните развојни процеси на Универзитетот, истражувачката инфраструктура и бројните можности што УМТ ги нуди за развој на научни проекти.

Агенцијата ИНОВА е државна институција која од 2025 година ги презеде активностите за поддршка на иновациите, технолошкиот развој, стартап бизнисите, претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија.

Соговорниците се фокусираа на клучните точки на соработка, при што како главни области за поддршка беа издвоени финансирањето на иновативни проекти и стартап идеи на студентите и истражувачите, поддршката за дигитална и зелена трансформација на академските и деловните процеси, директното поврзување на бизнис-секторот со науката и научноистражувачките институции, како и обуките, менторството и понатамошниот развој на претприемачката култура кај младите.

Средбата заврши со заедничка волја за официјализирање на ова стратешко партнерство, кое ќе овозможи научните капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје да бидат ставени во функција на иновациите и технолошкиот развој во државата.

By