Скопје, 18.06.2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаи, придружуван од проректорите проф. д-р Сани Демири и вон. проф. д-р Бујамин Бела, поранешниот ректор академик проф. д-р Изет Зеќири, како и други членови на академскиот и административниот кадар, вчера го пречекаа градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во посета за одблизу да го следи напредокот на работите на новиот кампус на УМТ.
За време на оваа теренска посета, делегацијата беше детално запознаена со динамиката на изградбата, при што со задоволство беше констатирано дека работите се одвиваат со високо и задоволително темпо, овозможувајќи овој капитален проект од ден на ден сè повеќе да добива свој конечен облик.
Градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити, изрази задоволство од постигнатиот напредок на терен, оценувајќи го овој проект како исклучително важна инвестиција за високото образование и за иднината на младите генерации во земјата и регионот.
Од своја страна, ректорот Фетаји му се заблагодари на градоначалникот Меџити за континуираната институционална поддршка, истакнувајќи дека овој нов современ кампус ќе обезбеди услови според европските стандарди за студентите и ќе се претвори во значаен центар на знаење, иновации и академски развој.
