УМТ во рамките на програмата ЕРАЗМУС ВТЕХ присуствува на работилницата на Универзитетот ‘Епока’ во Тирана

Тирана април 2021 Во рамките на ‘Еразмус плус VTECH’ проектот, насловен „Забрзување на модернизацијата на универзитетите во Западен Балкан со вклучување на виртуелни технологии – ВТех“, група професори Универзитетот ‘Мајка Тереза’ од Скопје, присуствуваат на работилница на Универзитетот Епока во Тирана. Вклучувајќи ја виртуелната технологија во академската култура на универзитетите, овој проект има за цел да го зголеми квалитетот и нивото на ефикасност на наставата и да го задржи знаењето преку интерактивни методи на учење, со што ќе придонесе за градење на капацитети и понатамошно градење на дигиталното општество во земјите од Западен Балкан. Повеќе информации за проектот може да најдете на неговата официјална веб-страница: https://vtech-project.eu/

 

1 vtech

3 vtech