Скопје, 21 март 2021 година Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје под превентивни мерки против Ковид и со учество на Ректорската управа, денес организираше тркалезна маса за можностите што ги нуди употребата на технологијата за „Виртуелна реалност и виртуелно зголемување” и за помошта што оваа технологија им ја нуди на секторите на индустријата, бизнисот и образованието. Тркалезната маса беше организирана во рамките на проектот ЕРАЗМУС ВТЕХ, додека учествуваа претставници на десет универзитети од регионот како и претставници на индустријата.

Во поздравниот говор, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Азиз Положани изрази задоволство што оваа тркалезна маса која е од особено значење се одржува во време кога универзитетот го обележува својот мал јубилеј, 5 години од неговото основање. Положани додаде дека технолошкиот развој и иновациите ги револуционизираа нашите животи и имаа големо влијание врз општеството, особено во образовниот систем. Студентите сега и во иднина ќе бидат подобро подготвени благодарение на брзиот развој на модерната индустрија, рече Положани.

Организатор на тркалезната маса „Виртуелна реалност и виртуелно зголемување“ е проректорот за наука на УМТ, проф. д-р. Беким Фетаји.Тркалезната маса се одржа со комбинирана форма, со физичко присуство и од далечина (online), додека делот со физичко присуство се одржа во просториите на Универзитетот „Мајка“ Тереза” во Скопје, во ограничен број говорници, во согласност со протоколите за спречување на пандемијата КОВИД-19.

Темите кои се дискутира на тркалезната маса беа: дебата за можностите за ВР / ВЗ и нивна имплементација и потребата што индустријата ќе ја има од нив, сега и во иднина, денес не работат сите компании на ВР проекти, но како ќе се биде ситуацијата утре? Кои се можностите за употребување на ВР, кои се можностите на универзитетите и употребувањето на Вр за цели на образованието, кои се можностите на употреба на ВР/ВЗ во индустрија и прашања поврзани со олеснување на животот на граѓаните.

Покрај домаќинот Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, на тркалезната маса учествуваа и Универзитетот „Александар Мојсиу” во Драч, Европски универзитет на Тирана, Универзитетот Полис, Универзитетот „Епока”, Универзитетот на Приштина, Универзитетот УБТ, Универзитет на ЈИЕ во Тетово, Универзитетот Тарту, Унивезитетот на Љоѓ, Универзитетот на Љубљана и многу компани од секторот на индустријата.

By