Скопје, 05 јули 2021 – Студентите од Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје студиска програма Јавна администрација и управување со човечки ресурси започнаа со практична работа во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во менторството на доц. д-р Аргетим Салиу одблиску беа запознати за институцијата каде што ќе развиваат практична обука во наредните денови. Студентите беа пречекани од државниот секретар на ова министерство, г. Рами Ќерими, раководител на одделот за меѓународни односи, г. Џелал Чајани и државниот советник д-р. Хајрие Елези.
УМТ на студентите им посакува многу здравје и успех во нивните животни предизвици, доведувајќи го до израз теоретскиот дел во практиката