Скопје, 11 ноември 2021 – Промоцијата на проектот „Младинската иницијатива во приватниот сектор“ се одржа во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, овој проект го спроведува невладината организација „Моја кариера“. Проектот на приватниот сектор за младинска иницијатива е 18-месечен проект финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и тајванската влада со цел за подобро управување со човечкиот капитал и градење врски помеѓу образовните институции и компаниите од приватниот сектор.

Ректорот проф. д-р. Азиз Положани како домаќин на УМТ, во својот поздравен говор упати честитки за ваквата активност ставајќи ја на располагање инфраструктурата на Универзитетот дека ваквите средби да бидат почести меѓу деловните кадри, професорите и студентите, каде единствена цел да биде афирмација и коректност за подобрување на квалитетот за нивните работни места во рамките на студиите.

Овој проект има за цел да ги поттикне страните кои ќе соработуваат со проектниот кадар да ги постигнат целите и да придонесат за подобрување на дијалогот меѓу работодавачите и образовните институции, да придонесат за зголемување на учесниците од приватниот сектор во развојот на вештините и компетенциите кај младите, да се создадат нови можности за вработување, со цел да се намали невработеноста и неактивноста кај младите и да се имплементира поиновативен пристап кон механизмот за “matching” на оние кои бараат работа и самите компании.

Презентацијата на проектот ја предводи раководителот, Висар Адеми кој зборуваше за целите, задачите и активностите кои се очекуваат да бидат реализирани.

На настанот присуствуваа претставници на универзитетите во земјата, приватниот сектор и целосна поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и тајванската влада.

By