Скопје, 16.11.2021 Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Азиз Положани денеска на работна средба го прими директорот на Академијата „Темпули“ од Приштина, проф. д-р. Мухамед Красниќи со кој потпиша договор за соработка.
Врз основа на овој договор, двете институции се договорија за размена на академски кадар за наставниот процес, размена на професори, истражувачи и студенти во рамките на научноистражувачката дејност. УМТ и Академијата „Темпули“ ќе ја промовираат и поддржуваат реализацијата на заедничките истражувачки проекти, ќе организираат конференции, семинари и публикации од области од заемен интерес.
Двете институции ќе разменат и искуства поврзани со институционален менаџмент, развој на истражувачки програми, научно-истражувачки проекти и други проекти кои се од интерес за двете институции.
Целта на овој Договор за соработка е да се дефинираат областите и начините на соработка меѓу двете институции.
И двете институции имаат за цел да идентификуваат иницијативи за промоција и професионална поддршка во севкупниот социо-економски развој на економскиот регион на двете институции.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од своето основање пред пет години има потпишано над шеесет меморандуми за соработка со универзитети и високообразовни институции од регионот и Европа, врз основа на кои развива соработка во различни области.