Скопје 11.11.2021 Деканот на Факултетот за Социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Сунај Раими ја промовираше својата најнова книга, 17-та по ред „Музичката култура во античка Грција“.
Ова дело, кое беше промовирано во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, е кулминација од 20-годишното проучување на старогрчката музика, и не само тоа, авторот Сунај Раими, проучувајќи околу 100 дела од балкански и европски автори тој успеа во ова дело да ги прикаже музиката и инструментите што им припаѓаат на нашите предци – Илирите, кои имале посебна и доста доминантна улога во создавањето на музиката во античка Грција.
Авторот на книгата проф. д-р. Сунај Раими рече дека идејата за оваа студија потекнува од покојниот професор Гани Боби, кој го мотивирал да направи една студија од оваа област, која студија никогаш не престанала, анализирајќи ги трудовите од 100 и повеќе научници од Балканот и од Европа. Професорот Сунај Рахими рече дека и оваа книга, како таква, не е целосно завршена и рече дека очекува младите научници да ја продолжат и довршат, додека неговиот 20-годишен придонес завршил во оваа книгата со ваква форма и содржина.
Рецензентот на книгата, д-р. Авни Авдиу рече дека станува збор за научно дело кое на концизен и аргументиран начин се обидува на албанскиот читател да му го прикаже античкото културно-музичко наследство од антиката па се до денес, каде што посебна и многу доминантна улога имале нашите предци илирите.
Директорот на ИДНАС, проф. д-р. Скендер Асани рече дека Институтот со кој тој управува, секогаш ќе им биде достапен на творците, особено студиите кои се поврзани со античката музиката, која е помалку проучена гранка.
Претседателот на Издавачкиот совет на Институтот, проф. д-р. Севдаил Демири рече дека делото „Музичката култура во античка Грција“ ја пополнува празнината што постои во оваа насока, а ги охрабрува и другите научници да придонесат за осветлување на овој период.