Скопје, 22.09.2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, го прими на официјална средба претседателот на Националниот младински совет на Република Албанија, г-дин Дашнор Веизај.

Средбата се фокусираше на зајакнување и проширување на соработката помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe и Националниот младински совет на Албанија, со фокус на промовирање на меѓународната младинска соработка преку вклучување на Студентскиот совет на УМТ.

Разговорот се фокусираше на конкретизирање на академското партнерство помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe и албанските универзитети. Страните разговараа за механизмите за развој на меѓууниверзитетските иницијативи, организирање на академски натпревари и студентски олимпијади, како и промоција на културни и спортски активности. Беше нагласена и важноста на заедничките проекти за одбележување на историски и културни датуми.

Посебно внимание беше посветено и на збогатувањето на библиотеката на УМТ преку соработка и поврзување со релевантни институции во Албанија, во служба на подобрување на квалитетот за студентите и младите.

By