РЕКТОРОТ ЗЕЌИРИ ЈА ПРЕТСТАВИ МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ НА СРЕДБАТА НА РЕГИОНАЛНИТЕ АКАДЕМИИ ОРГАНИЗИРАНА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Сараево, 07.10.2022 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, е во дводневна работна посета на Сараево, Босна и Херцеговина, каде се одржува состанок на Академиите на науките и уметностите од земјите од регионот.
Ректорот Зеќири, кој е секретар за наука на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната средба ги презентираше предизвиците со кои се соочува МАНУ и среднорочните и долгорочните проекти.
Главните цели на средбата се: зајакнување и интензивирање на меѓуакадемската соработка при соработка на заеднички проекти и нивна примена во регионалните и европските истражувачки фондови, но и во меѓународните фондови.
На состанокот на Академиите на науките и уметностите од земјите од регионот учествуваа следниве земји: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Германската национална академија – ЛЕОПОЛДИНА, Црна Гора, Словенија и Турција.