Со цел да се подготват стручни кадри според потребите на пазарот на трудот, УМТ, СКСЗМ и МОН формираа заеднички Совет
Скопје, 12.10.2022 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), и со присуствотот на министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, денеска одржа тркалезна маса на тема „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“.
Целта на тркалезната маса беше, со учество и директна размена на идеи со бизнис-заедницата и Министерството за образование, да се дебатира за тоа како да се постигне интеракција и соработка меѓу трите институции, а универзитетите да создадат потребни кадри за компаниите, особено профили кои не ги нуди ниту еден друг универзитет во земјава.
Во својата презентација, ректорот проф. д-р Изет Зеќири приложи податоци за големиот број на невработени лица кои имаат завршено високо образование, но чии профили не одговараат на барањата на пазарот на трудот.
Петте најголеми компании во светот „Мајкрософт“ (Microsoft), „Гугл“ (Google), „Епл“ (Apple), „Амазон“ (Amazon) и „Фејсбук“ (Facebook) отворија свои универзитети е на кои подготвуваат кадари за своите потреби, а причината за овој ваквиот чекор е што нивните производи создадоа нови професии, кои не се предвидени на ниту еден традиционален универзитет. Истото се случува и кај нас, има многу нови професии, кои не ги нуди ниту една студиска програма“, рече ректорот Зеќири.
Ректорот Зеќири додаде дека УМТ има тенденција да понуди кратки програми за обука на оние кои имаат завршено високо образование или се без високо образование, преку тримесечни, шестмесечни и дванаесетмесечни обуки, сертифицирани и акредитирани од МОН.
Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија во својот говор истакна дека образованието се смета како главен столб што позитивно влијае на економскиот раст и развој на една земја.
„Оваа тема мора да ја третираме од концептуален, а не од економетриски аспект, бидејќи појавите и резултатите доаѓаат како последица на однесувањето и пристапот што го имаат главните актери, во овој случај институциите, особено оние образовните, бидејќи очигледно е дека бизнис-заедницата и образовните институции немаат никаква соработка за што може да се земе како пример”, изјави Неби Хоџа.
Г-дин Јетон Шаќири, министер за образование и наука, истакна дека Министерството ќе ги поддржи сите иницијативи кои се во корист на бизнисот и образованието , бидејќи од оваа таквата соработка е од корист за целото општество.
Сузана Јордановска, претседателка на Сенатот на УМТ, исто така одржа свој говор. Проректорот за финансии, развој и истражување, доц. д-р. Бујамин Беља ја модерираше тркалезната маса и иницираше дебата на која еден час членовите на Стопанската комора и професорите дискутираа за начините на соработка.
На крајот, беше одлучено да се формира Консултативен совет меѓу УМТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и МОН – иституција која има задача да дефинира кратки студиски програми, со цел да се обезбедат работни места што ги бара пазарот на трудот.