Во рамки на одбележување на шест годишнината на основање на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, овој викенд, студиската програма Спорт и спортски науки реализираа еднодневен марш во кањон Матка во Скопје.
На маршот предводени од ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири, учесниците поминаа патека со ниска и средна тежина, со времетраење од околу еден час во еден правец, со среден интензитет и темпо.
Покрај колективот на студиската програма Спорт и спортски науки, во маршот беа присутни вработени и студенти на УМТ.