Скопје, 15.11.2022 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со Амбасадата на САД во земјава организираше презентација на американски програми за американски стипендии за студентите и професорите на УМТ. 

Пред присутните, меѓу кои и ректорот проф. д-р. Изет Зеќири, претставникот на американската амбасада во Скопје Газменд Илази, рече дека стипендиите кои ги доделува американската влада се добра студиска можност и за студентите но и за академскиот кадар. 

Илази додаде дека американските стипендии предвидуваат студентите да имаат можност да студираат на некој од американските универзитети цел семестар, а се нудат и стипендии кои овозможуваат и постдипломски студии. Стипендиите, рече Илази, се однесуваат и на студенти кои имаат пријавено магистерски или докторски студии и сакаат да истражуваат  во врска со своите магистерски и докторски теми, додека за истите се покриваат сите трошоци за американска виза, авионски билет, сместување и храна. 

Ректорот проф. д-р. Изет Зеќири изрази благодарност до г-дин Иљази и до Амбасадата на САД за оваа одлична можност за студентите и професорите на УМТ и ја цени оваа неопходна можност како нов универзитет. Зеќири апелираше до студентите и академскиот кадар да се пријават и да се обидат да ја искористат оваа единствена образовна можност. 

По презентацијата следуваа прашања и одговори од страна на студентите и професорите, а интересот беше многу голем. 

By