Студент(к)ите на Факултетот за технички науки, на студиската програма Инженерство за заштита на работната и животна средина имаа можност да слушаат едукативно предавање на инженерката Беса Татеши, дипломирана биохемичарка и раководителка на Одделението за индустриско загадување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Студент(к)ите беа детално информирани за актуелната легислатива во Европската Унија и Северна Македонија, основните прописи во индустриската преработувачка индустрија, металургиската и хемиската индустрија, како и работата и улогата на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа насока.

По предавањето следуваше конструктивна дискусија помеѓу студент(к)ите, предавачката Беса Татеши и професорката која го организираше предавањето, проф. д-р Уриме Демири Шаипи.

Особена благодарност изразуваме на инженерката Беса Татеши и Министерството за животна средина и просторно планирање за соработката и континуираната поддршка што ја даваат за студент(к)ите на УМТ.

By