Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ја промовираше книгата „Мир, љубов, слобода“, публикација на албански јазик на Институтот за либерална алтернатива, промовирана од страна на г-ѓа Минире Цека.
Директорот на Центарот за академски публикации и библиотеката при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, д-р Мустафа Ибрахими, им посака добредојде на претставниците и претставничките на институтот, при што истакна дека оваа публикација ќе ја збогати библиотеката на УМТ со делата на многу американски автор(к)и.
Г-ѓа Цека напомена дека во книгата се вклучени есеи од познати американски автор(к)и, меѓу кои: Стивен Пинкер, Роберт Мекдоналд, Редли Балка, Емануел Мартин, Ерик Гартјк, Вилфред Оден и многу други, кои даваат докази и аргументи за мир и се базираат на научните дисциплини психологија, економија, политички науки, историја, право, социологија, морална филозофија, поезија, литература и естетика.
На промоцијата учествуваше Бејане Алили, одговорна за студентското списание „Студент(к)и“ која додаде дека есеите вклучени во книгата даваат дополнителни информации за студент(к)ите од Факултетот за општествени науки.
Книгата „Мир, љубов, слобода“ промовира мир и ненасилство по секоја цена и мир во замена за употребата на сила.