Тетово, 04.05.2023 Професорките на Униврзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, вон. проф. д-р. Дренуша Камбери и вон. проф. д-р. Зана Беќири Лума, матурант(к)ите на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” и „8 Септември” ги запознаа со академската понуда на УМТ.
Матурант(к)ите на Тетово беа информирани за условите на студии во новите простории на УМТ, исто така и со 39 студиските програми на осумте факултети, пет актуални: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за технички науки, Факултетот за технолошки науки и Факултетот за социјални науки и новите економски факултет, правен факултет и Факултетот за хуманистички науки.
УМТ е единствениот јавен универзитет со настава на албански јазик во главниот град и има најмногу дефицитарни програми, информираа професор(к)ите на УМТ пред матурант(к)ите во Тетово.
За време на промоцијата на матурант(к)ите им беа доделени информативни брошури и се одвиваше сесија со прашања и одговори.