На 7-мата меѓународна конференција организирана од Факултетот за политички и правни науки на Универзитетот „Александар Моисиу” во Драч, Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје беше еден од 14-те партнерски универзитети од регионот и пошироко.

На свеченото отворање на конференцијата, во име на УМТ и ректорот проф. д-р. Изет Зеќири, зборуваше професорката Елисабета Бајрами Ологу, која ја истакна важноста на регионалната соработка меѓу високообразовните институции, како и многуте можности за продлабочување на соработката помеѓу различни универзитети од регионот во рамки на проекти од заеднички интерес.

Исто така, на конференцијата учествуваа голем број професори од различни катедри на Факултетот за социјални науки при УМТ.

На конференцијата со наслов „Државата, општеството и законот: социјалните, економските, политичките предизвици и услови за мир и безбедност”,  беа претставени делата на над 90 автори од различни земји и се осврна на предизвиците поврзани со државата, политиката, социјалниот и економскиот развој како и на важноста на научното истражување во овие области.

By