Скопје, 29.07.2023 Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири ја отвори третата индивидуална изложба на мозаици, додека прва посветена на богатата животна дејност на скопјанката Гонџе Бојаџиу, Мајка Тереза.

На изложбата која беше отворена во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беа преставени 22 уметнички дела во форма на мозаици насловени „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“, додека авторот својата животна дејност ја посвети на скопската хуманистка Гонџе Бојаџиу, која со своето дела успеа да стане најпознатата Албанка во светот.

Професорорката по уметност Јелдес Асани ја оцени креативноста на академик Зеќири, и рече дека творештвото на Изет Зеќири е показател на сериозност, дисциплина, залагање и покрај неговите многубројни заложби и задачи како ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, докажува истовремено дека духовното творештво е неразделен дел од неговиот живот.

„Ликот на Мајка Тереза инспирираше многу творци од земјата и светот, станувајќи предмет на третман во дневните печати, литературата, поштенските марки и различните визуелни уметнички медиуми како што се: сликарството, скулптурите, фотографиите“, рече Асани, додавајќи дека „Доблеста, чистата душа, мудроста и љубовта на една жена Албанка кои иако преку пожртвуваност зрачат боженствено и моќно насликани во мозаиците на Изет Зеќири.

Во нејзините портрети преовладува човечката мудрост, психолошката длабочина, божествената милост и нејзината топла и мила насмевка, каде лесно се истакнуваат и се видливи нејзите вредности, додека токму техниката преку мозаици му овозможува на авторот сигурна артикулација на елементите на перцепција и меморија, синтетизирајќи преку оригинален пристап кој потекнува од искрената инспирација на Изет Зеќири, рече професорката по уметност Јелдес Асани.

За делата на Зеќири проговори и академик Газафер Бајрам од МАНУ кој рече дека љубовта на професорот Изет Зеќири кон уметноста за мозаиците е неверојатна, додека мотивирачки е бројот на делата создадени со толку голема љубов и страст.

Авторот на изложбата, ректорот Изет Зеќири, им се заблагодари на сите присутни и направените уметнички делата ги процени како должност на секој Албанец кон Мајка Тереза, а и тој самиот посебно .

На третата по ред изложба на академик Зеќири присуствуваа голем број љубители на уметноста од Скопје, Тетово и Приштина, од различни сфери и дејности.

Изложбата „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ се поздрави со изректа на Мајка Тереза „Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

By