Скопје, 06.09.2023 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири и деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р. Мустафа Ибрахими го пречека координаторот за размена и алумни во Амбасадата на САД во Скопје, г. Газменд Илази.

На работната средба, ректорот Зеќири и координаторот Илази разговараа за продлабочување на соработката како и за првпат ангажирање на професор од САД на УМТ, односно на Факултетот за хуманистички на студиската програма Англиски јазик и книжевност.

Студентите на УМТ ќе имаат задоволство и чест да следат предавања од асистенти по англиски јазик во рамки на Фулбрајт програмата.

Ректорот проф. д-р. Изет Зеќири му се заблагодари на г-дин Илази и на Амбасадата на САД за оваа одлична можност за студентите и професорите на УМТ. Исто така, ректорот ја ценеше оваа неопходна можност за нас како нов универзитет.

By