Скопје, 10.10.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири на работна средба го пречека заменик министерот за Образование и наука на РСМ г-дин. Агим Нухиу придружуван од вон. проф. д-р. Енвер Битиќи, г-ѓа. Мимоза Абражда и г-дин. Алаудин Зеќири.

Ректорот Зеќири неодамна го информираше заменик министерот Нухиу и присутните за развојот на осумте факултети и над 30-те студиски програми на новиот Универзитетски кампус, како и за големиот интерес за упис на нови студенти на УМТ за време на трите уписни рокови. Ректорот му честиташе и на вон. проф. д-р. Енвер Битиќи за денешната промоцијата на книгата во просториите на УМТ.

Заменик-министерот Нухиу му се заблагодари на ректорот Зеќири за сета подготвеност и посветеност на УМТ во основањето и развојот на високото образование во Скопје, уверувајќи дека нема да изостане поддршката од Министерството за образование и наука за воспоставување и развој на највисок квалитет на настава.

By