Деканот на Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје вон. проф. д-р. Дитурије Исмаили е избрана како експерт кој ќе ја претставува Северна Македонија во изработката на Упатство со кое се имплементира Референтната рамка на надлежности за демократската култура (RFCDC) за образованието и одржливиот развој (ESD), проект предводен од Советот на Европа во Стразбур.

Првата работна група на експерти се одржа на 21 ноември 2023 година во Домот на Европа во Стразбур, Франција. На оваа средба г-ѓа. Исмаили беше учесник во работната група каде што сподели информации за RFCDC и ESD и прикажа неколку добри практични примери за образование и одржлив развој во контекст на Северна Македонија.

Проектот започна во 2023 година, а ќе заврши во 2025 година со можност за продолжување. Работната група на проектот се состои од експерти за образование од 19 земји-членки и мониторинг организации. Проектот е инициран и ќе биде предводен од Одделот за образование при Советот на Европа.

By