Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа на обуката „Подобар регион се започнува со младите“, организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office RYCO).

Обуката се реализираше од 29.11.2023 до 01.12.2023 во Маврово со учество на студенти од сите државни универзитети во Република Северна Македонија, со посебен акцент од Факултетите за Правни студии, Криминалистички науки, Факултет за осигурување.

На оваа обука се разговараше на различни теми од кои најважна беше мирот и безбедноста на младите. Програмите за обука за градење капацитети фокусирани на младите, мирот и безбедноста се од суштинско значење за опремување на младите со вештини, знаења и потребни средства за активно учество во напорите за градење мир.

Овие програми за обука за студентите на УМТ особено им помагаат да ги подобрат и продлабочат нивните научни студии и имаат за цел да го подобрат нивното разбирање за решавање конфликти, посредување, лидерство и човекови права, исто така, инвестирајќи во развојот на капацитетите на младите луѓе.

By