Скопје, 08.02.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Неџметин Ербакан“ од Коња, Турција, чија цел е продлабочување на соработката, развојот и меѓусебното разбирање од областа на образованието и истражувањето.

Врз основа на овој меморандум, двата универзитета ќе имаат соработка во заеднички истражувачки проекти и пилот проекти, размена на научен и наставен кадар, размена на студенти, заедничка организација на семинари, конференции и работилници како и размена на научни публикации и други материјали за истражување на научни и образовни цели.

Со меморандумот потпишан од ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири и генералниот секретар на Универзитетот „Неџметин Ербакан“ доц. д-р. Хусеин Захит Селви се предвидени краткорочни посети на високи членови од кадарот за консултации, предавања и планирање проекти, долгорочни посети на истражувачки и технички кадар за обука, за постдипломски студии или за учество во заеднички истражувачки проекти, размена на студенти на додипломски или постдипломски студии за практична работа и учество во меѓународни програми, промоција на контакти со истакнати научници од други академски центри во соодветните земји, промоција на заеднички контакти со научници од друга трета земја за учество во пошироки меѓународни проекти како и заедничка поддршка за планирање и реализација на посети во соодветните земји.

Двата универзитета ќе обезбедат финансиска поддршка според можностите на секоја страна или ќе бараат да се обезбедат финансии од други национални или меѓународни извори.

By