Приштина, 𝟐𝟔.𝟎𝟑.2024 – Научниот труд „Анализа и визуелизација на процесот на донесување одлуки на вештачката интелигенција“ дело на проректорот за наука проф. д-р. Беким Фетаји со четворица коавтори е прогласен за најдобар на Конференцијата за вештачка интелигенција ISSIP 2024, што годинава се одржа во главниот град на Косово, Приштина.
Научниот труд ќе биде објавен од Springer Series: „Забелешки и предавања по Електро инженерство“, Индексиран од EI Compendex и Scopus Database.
Главната цел на симпозиумот е да обезбеди платформа за младите истражувачи да ги покажат своите пронајдоци и иновации од областа на обработка на сигнали и слики кои што може да ги користи човештвото.
Петтиот меѓународен симпозиум за обработка на сигнали и слики (ISSIP 2024) има за цел да го унапреди полето на обработка на сигнали и слики, кое ги вклучува теоријата и практиката на алгоритми и уреди кои ги претвораат сигналите произведени со вештачки или природни средства во форма корисна за специфични цели.
Сигналите може да бидат говор, аудио, слики, видео, сензорски податоци, телеметрија, електрокардиограм или сеизмички податоци меѓу другото. Можните области на примена вклучуваат пренос, прикажување, складирање, толкување, класификација, сегментација или дијагностика.
Оваа година организатор на симпозиумот беше Технолошкиот институт Rochester во Косово (А.U.К).