Скопје, 02.04.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје придружуван од проректорот за наука и истражување, проф. д-р. Беким Фетаји, проректор за образование и студентски прашања, вон проф. д-р. Фати Исени и проректорот за финансии, инвестиции и развој доц д-р. Бујамин Бела денеска остварија работни средби со директорите на средните училишта „Цветан Димов“ и „Арсени Јовков“, Гани Аслани и Блерим Зекири, со што започна и промотивната кампања за матурантите од овие две училишта.

Денешните средби на менаџерскиот тим на УМТ имаа информативен и консултативен карактер, се промовираа студиските програми кои ги нуди УМТ за матурантите од овие две училишта.

На средбата беше оценето дека соработката меѓу УМТ и среднообразовните институции ќе создаде услови и околности за зголемување на интересот на младите за изучување на техничката, технолошката и социјалната област, додека директорите добија сознание од ректорот Зеќири дека кабинетите и лабораториите на УМТ ќе им бидат достапни на матурантите за да им се олесни нивната практична работа.

Оваа соработка се реализира врз основа на договори за постојана соработка меѓу институциите, потпишани пред две години.

Очекувањата на делегацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беа многу пријателски и ректорот проф. д-р. Изет Зеќири и проректорите ги уверија дека вратата на УМТ секогаш ќе биде отворена за нив.

By