Во рамки на Саемот за кариера кој се одржа денеска, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири на консултативна работна средба беше домаќин на претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г-дин Менди Ќира и на претседателот на Конфедерацијата на бизниси, г-дин. Миле Бошков.
На средбата се разговараше за состојбата за високото образование во земјава и барањата на пазарот на трудот, како и за изнаоѓање начини како високото образование и студиските програми да бидат во функција и да ги задоволат потребите на пазарот на трудот.