Хрватска/Скопје, 24.06.2024 – Ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири и ректорот на Универзитетот во Риека, проф. д-р Снежана Пријич-Самарџија потпиша меморандум за разбирање меѓу двете академски високообразовни институции.

Меморандумот има за цел создавање и поддршка на билатерална соработка помеѓу две високообразовни институции каде што меѓусебната соработка помеѓу УМТ и Универзитетот во Риека ќе има за цел размена на академски кадар, студенти, заеднички образовни и истражувачки активности преку меѓународни проекти, симпозиуми, конференции и други научни активности, реализација на заеднички програми на академски степени од прв и втор циклус, директно признавање на дипломите издадени од страните потписнички, учество во спортски и културни настани.

Ректорите Зеќири и Пријич-Самарџија разговараа и за функционирањето на двете високообразовни институции, за разликите меѓу двата универзитета на студиските програми, а се договорија и за посветеноста на академското напредување меѓу двете институции.

By