Скопје, 10.10.2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири денеска беше домаќин на вицепремиерот за добро владеење, г-дин. Арбен Фетаи и истакнатиот експерт од областа на политичките науки г-дин. Жан Мишел Де Вале од Белгија.
Ректорот Зеќири, придружуван од професорката Арта Џелили, на работната средба со вицепремиерот Фетаи, професорот Жан Мишел Де Вале и владините советници Омер Ајдини и Илир Османи разговараа за можностите кои УМТ ги нуди за студентите кои продолжуваат со студиите на овој универзитетски кампус, за развојот на квалитетот во високото образование, заедничките предизвици и достигнувањата од формирањето па до денес.
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, им се заблагодари на ректорот Зеќири и на кадрите на УМТ за нивната максимална посветеност во академските соработки, додека професорот Жан Мишел Де Вале, како доктор по политички науки и предавач на многу меѓународни универзитети, упати честитки до раководството за можноста за отвореното предавање за политички науки како и заложби за развојот на високото образование во земјата и меѓународната сфера.
Професорката Арта Џелили, како претставник од академскиот кадар за Еразмус + на УМТ, обелодени информации за развојот на оваа програма во рамките на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и за блиските соработки со универзитетите од странство кои служат како унапредување и квалитет за студиските програми.
По официјалната средба, вицепремиерот Фетаи и професорот Жан Мишел Де Вале заедно со ректорот Зеќири ја посетија галеријата „Омер Калеши“ и Универзитетската библиотека, а веднаш по посетите следуваше отвореното предавање: „ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЕУ И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО – ПОУКИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ“ со студентите од политички науки.