Белгија, ноември 2024 година – проректорот за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Бујамин Бела, го претставуваше Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на Конференцијата на Европскиот истражувачки совет (ERC). Овој значаен настан за европскиот академски и научен свет обедини истакнати истражувачи, креатори на политики и академски експерти за да разговараат за најновите истражувања и проекти финансирани од ERC.
Конференцијата се одржа во рамките на Европската рамковна програма за истражување и иновации, на тема „Зголемување на учеството и проширување на хоризонтите“, која се одржа во просториите на Советот на Европската Унија. За време на овој настан, учесниците споделија добри практики за вклучување на актери од различни региони и земји во политиките за истражување и иновации, нагласувајќи ја важноста од институционалната поддршка за научниот развој.
Оваа организација ја спроведе унгарското претседателство на Советот на ЕУ, во соработка Генералниот секретаријат на Советот. Ваквите конференции се од особено значење за зајакнување на европската истражувачка рамка и за промовирање на соработката меѓу научниците од различни земји за справување со глобалните предизвици.