Скопје, декември 2024 година – Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на седницата одржана на 11 декември 2024 година, го избра проф. д-р Блерим Саит како проректор за меѓународни односи.

Професорот Саити моментално предава на Факултетот за социјални науки. Со своето искуство и посветеност се очекува да донесе значаен придонес во развојот на интернационализацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ и зајакнување на врските со меѓународните институции.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на проф. д-р Блерим Саити му честита и посекува многу среќа за оваа важна и предизвикувачка позиција.

By