Скопје, април 2025 година – Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираше отворено предавање со доц. д-р Тони Тодоровски од Факултетот за биотехнологија и развој на лекови при Универзитетот во Риека во Хрватска.

Во предавањето на тема „Развој на нови антивирусни конјугати на пептиди и порфирини за борба против вирусите кои престојуваат во мозокот“, д-р Тодоровски го сподели своето широко меѓународно знаење и искуство, принесувајќи продлабочен увид во најновите случувања во областа на медицинската хемија и пептидните терапии.

Со истражувачко искуство во Барселона и Лајпциг, д-р Тодоровски моментално ја води единицата за масовна спектрометрија на Факултетот за биотехнологија и развој на лекови (FABRI) на Универзитетот во Риека, со значаен придонес во истражувањето на иновативни терапии за ретки и вирусни болести.

На оваа активност присуствуваа студенти, академски кадар и истражувачи од технички и научни области, кои имаа можност отблиску да разговараат со предавачот за најактуелните прашања од современата наука.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се заблагодарува на доц. д-р Тони Тодоровски за неговата соработка и академски придонес, истакнувајќи ја важноста од продолжување на ваквите активности со цел унапредување на знаењето и меѓународната научна размена.

By