Скопје, април 2025 година – Како дел од информативната и промотивната кампања во средните училишта, Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје одржа информативната средба во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопјe, каде што на матурантите им беше презентирана академската понуда за новата академска 2025/2026 година.
Промотивниот тим на УМТ, составен од: Букурие Имери Јусуфи, Неритан Туркеши, Аргетим Салиу, Владимир Китановски, Хава Реџеп, Уриме Демири Шаипи, Мирлинда Ебиби, ги информираа матурантите за можности што ги нудат осумте факултети со различни студиски програми, како и за предностите од студирањето на УМТ.
Во текот на разговорот со студентите, беше истакната важноста на високото образование како основа за професионален и личен развој. Беа презентирани и можностите за студентска размена преку програмата Еразмус+, придобивките од модерните објекти на новиот универзитетски кампус, како и поддршката што се нуди за време на студиите во форма на стипендии и практична обука.
Матурантите од средното училиште „Панче Караѓозов“ покажаа голем интерес поставувајќи конкретни прашања за условите за запишување и текот на студирањето.
Универзитетот „Мајка Тереза“ изразува благодарност до раководството и персоналот на училиштето за соработката и гостопримството, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката во иднина.