Скопје, 28.04.2025 – Со свечена церемонија, во присуство на министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска, студенти, академски кадар, високи државни функционери, претставници на дипломатскиот кор во земјата, градоначалници на општини, како и познати личности од деловниот свет, денес во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, се изврши примопредавањето на должноста на досегашниот ректор, проф. д-р Изет Зеќири и избраниот ректор проф. д-р Беким Фетаји.

Професорот Фетаји официјално ја презеде новата должност преку врачувањето на Инсигнијата од страна на досегашниот ректор Зеќири, при што ги презентираше своите планови за време на неговиот мандат како ректор на УМТ.

Претседателот на Сенатот, проф. д-р Зоран Гацовски, на отворањето на свечената церемонија, им посака топло добредојде на присутните и ја нагласи важноста на овој момент за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој го поздрави досегашниот придонес на менаџментот и му честиташе на новиот ректор, проф. д-р Беким Фетаји, за успешниот мандат во раководството на универзитетот, изразувајќи верување дека со работа и посветеност ќе се постигнат нови академски и развојни цели.

Проф. д-р Изет Зеќири, во својот поздравен говор, ги истакна предизвиците и достигнувањата за време на неговиот мандат како ректор, подвлекувајќи ја трансформацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe од тешки услови кон изградба на современ кампус. Тој го нагласи спроведувањето на капитални проекти во вредност од над 60 милиони евра, како и обезбедување на многу донации, основање на три нови факултети, зголемување на бројот на студенти и платите на академскиот кадар, како и создавањето на Канцеларија за квалитет за одржлив развој.

Министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска, во својот говор ја истакна посветеноста на Владата за поддршка на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, истакнувајќи ја инвестицијата од 34 милиони евра за изградба на новиот модерен кампус. Таа додаде дека целта е да се создадат нови генерации способни да се соочат со предизвиците за во иднина и да придонесат за развојот на општеството.

Министерката Јаневска му честиташе и на новиот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји и изрази благодарност за досегашниот ангажман на академик проф. д-р Изет Зеќири.

Проф. д-р Беким Фетаји, новиот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, во текот на својот говор нагласи дека ќе биде посветен на академскиот и научниот напредок на институцијата, промовирајќи ги вредностите на знаењето, соработката и општествената одговорност. Тој ја покани целата универзитетска заедница посветено да

работи во понатамошниот развој на универзитетот како центар на академска извонредност.

Со назначувањето на проф. д-р Беким Фетаји, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe го одбележа назначувањето на третиот ректор по ред од основањето на овој храм на високото образование, продолжувајќи ја мисијата за академски развој и институционален напредок.

Овој значаен настан го модерираа професорката Гента Спахиу Мирзо и Донка Казиовска, вработени на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By