Скопје, 03.09.2025 – Во знак на сеќавање на денот на канонизацијата на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, симбол на хуманизам и посветеност кон другите, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во ко-организација со Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, организираше панел-дискусија на тема: „ МАЈКА ТЕРЕЗА ОД СКОПЈЕ НА ОЛТАРОТ НА СВЕТОСТА“.
Нa овој свечен настан, присутните ги поздравија ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и в.д. директорот на ИКДНА, д-р Бесник Емини, кои ја нагласија важноста на човековото и духовното наследство на Светицата од Калкута, како и институционалната одговорност за негување на неговите вредности во академската и општествената средина.
На оваа панел – дискусија панелисти беа: вон. проф. д-р Фати Исени од УМТ, кој воедно беше и модератор, д-р Валдета Касапи од ИКДНА и отец Винко Маслаќ од Католичката црква во Скопjе.
Дискусиите ги доведоа во фокус историските, духовните и универзалните димензии на делото на Мајка Тереза, нагласувајќи ја нејзината извонредна животна мисија, која продолжува да инспирира цели генерации низ целиот свет.
УМТ и ИКДНА со овие организации ја потврдуваат својата заедничка посветеност на промовирање на личности од нашето културно и духовно наследство и на создавање постојани простори за академска рефлексија.
