Скопје, 10.09.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, на работна средба ја пречека директорката на Институтот за лидерство и јавни политики, г-ѓа Пранвера Касами.
За време на средбата, ректорот Фетаји ја истакна важноста од стратешка соработка и заедничките проекти на Универзитетот „Мајка Тереза“ со различни организации, особено невладини, кои придонесуваат за академскиот и општествениот развој. Во овој контекст, посебен акцент беше ставен на можностите за соработка и проекти помеѓу нашиот универзитет и Институтот за лидерство и јавни политики, со цел зајакнување на врската помеѓу високото образование и јавните политики.
Институтот за лидерство и јавни политики – ИЛЈП е независна истражувачка и развојна организација, основана со мисија да ги оспособи младите, да изгради лидерски капацитети и да придонесе за развојот на одржливи јавни политики. ИЛЈП претставува како мост помеѓу академската заедница, граѓанското општество, приватниот сектор и јавните институции, обезбедувајќи простор за дијалог, соработка и иновативни проекти кои се справуваат со социјалните и економските предизвици.
