Албанија, 25.09.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија потпишаа договор за академска соработка, кој има за цел зајакнување на размените и заедничките активности меѓу професорите, студентите и персоналот на двете институции.
Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и ректорот на Универзитетот во Скадар, проф. д-р Тонин Ѓурај го потпишаа овој договор на неопределено време, нагласувајќи ја заедничката посветеност на развојот на образованието и научните истражувања во регионот.
Овој договор вклучува академски размени и соработка во заеднички истражувања и проекти, организирање семинари, летни школи и заеднички образовни активности, размена на универзитетска литература и публикации, подобрување на вештините на персоналот и администрацијата преку размени и практични искуства, соработка во универзитетските реформи и интеграција на меѓународните стандарди. Оваа соработка ќе овозможи и отворање на заеднички студиски програми на магистратура проширувајќи ги академските можности за студентите на двата универзитета.
На оваа официјалена средба за потпишување на договорот за соработка, ректорот Фетаји беше придружуван од двајцата проректори, вон. проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, како и од г-дин Дритон Зендели.
УМТ и Универзитетот во Скадар ќе ги разгледуваат заедничките активности секоја година и ќе обезбедат сите иницијативи да се засноваат на реципроцитет и заемна корист.
