Скопје, 08.10.2025 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, претставуван од ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, и компанијата за мобилни услуги „Авант Кар“, претставувана од директорот Мартин Милевски.

Овој меморандум, потпишан во рамките на проектот за споделување електрични возила „Avant2Go“, предвидува развој на меѓуинституционална соработка со цел промовирање на зелена мобилност и одржливи решенија за урбан транспорт во градот Скопје. Преку оваа соработка, страните се обврзуваат да обезбедат електрични возила на располагање за студентите и академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со цел да се олесни движењето, да се намали загадувањето и да се подобри квалитетот на животот во универзитетската средина и урбаната околина.

На оваа работена средба, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, беше придружуван од тројцата проректори вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили и проф. д-р Зоран Гацовски, како и од м-р Алајдин Мемеди и м-р Дритон Зендели. На средбата, ректорот Фетаји истакна дека овој Меморандум претставува конкретен чекор кон изградба на поеколошки, иновативен универзитет насочен кон одржлив развој преку интегрирање на модерни технологии во функција на студентите и унапредување на универзитетското образование. Директорот Милевски, придружуван од г-дин Дарко Стефановски, ја оцени соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ како добар пример за комбинирање на академскиот сектор со приватните иницијативи за одржлива мобилност и заштита на животната средина.

Овој меморандум е потпишан за период од шест години, со можност за продолжување, и вклучува инсталирање на станици за полнење електрични возила Avant2Go во просториите на универзитетот, како и бесплатно користење на одреден број паркинг места за флотата на електрични возила.

By