Скопје, октомври 2025 година – Студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, од студиската програма Медиуми и интеркултурна комуникација на Факултетот за социјални науки, спроведоа тридневна професионална професионална обука со претставници на германската глобална телевизија Дојче Веле.

Обуката со наслов: „ВИСТИНАТА ВО ТВОЈОТ ЏЕБ – ВЛАДЕЕЊЕ НА МОБИЛНОТО НОВИНАРСТВО И БОРБАТА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ“, имаше за цел да понуди професионален теориско-практичен водич за создавање стории наменети за социјалните медиуми, оспособување на студентите за детектирање на информативните нарушувања и за дигитална едукација во ерата на Вештачката Интелигенција.

Тренери на оваа професионална обука беа уредникот на Дојче Веле за платформата на албански јазик, д-р Пандели Пани, фото-репортерката и новинарка на Дојче Веле, Арбнора Мемети и професорот по медиуми и комуникации Агрон Врангала.

Проектот беше организиран од Дојче Веле и поддржан од германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Оваа соработка меѓу УМТ и престижниот медиум Дојче Веле ќе продолжи и во иднина, со цел студентите да се оспособат и да ги усовршат своите професионални вештини.

By